Регион

Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ.

Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство.

Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното население.

Според обвинението, тогашниот началник на Секретаријатот за внатрешни работи во Ѓаковица, командантот на единиците на Специјалната полиција и командантот на 52-та ракетно-артилериска бригада, заедно со останатите обвинети, меѓу кои и Радоичиќ, како припадници на тие единици учествувале во убиството на 107 цивили за време на широка воена и полициска операција.

Обвинителството наведува дека за време на операцијата жените и децата биле одвоени од мажите. Жените биле ограбени, при што им биле одземени накит, пари и други вредни предмети, додека мажите биле егзекутирани, дел во нивните домови и дворови, а дел на локацијата позната како „Мостот на Талиќ“. Во операцијата биле запалени и куќи.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top