Регион

Курти: Признавањето на Косово ќе биде основен тест за новата влада на Србија

Косовскиот премиер го очекува ставот на владата што ќе ја формира Студентската листа за независноста на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти го чека ставот на новата српска влада на Студентската листа во врска со признавањето на независноста на Косово.

„Токму признавањето на Косово ќе биде фундаменталниот тест за новата влада во Србија. Ако Србија е демократска, таа ќе ја признае независноста на Косово“, изјави Курти во интервју за Радио Франс Интернешнел (РФИ).

За време на изборната кампања, претставниците на Студентската листа, презентирајќи ја својата политичка програма, најавија борба за зачувување на Косово како дел од Србија.

Носителот на листата, Илија Срдановиќ, тогаш изјави дека новата влада ќе го продолжи дијалогот за Косово, како и целосното спроведување на Бриселскиот договор за нормализација на односите.

„Продолжувањето на дијалогот за прашањето на Косово и Метохија е фундаментален дел од студентскиот план. Целата платформа на домашните и меѓународните односи во Србија се темели на почитување на Уставот на Република Србија. Значи, таа платформа е и за разговори, или за понатамошната иднина на Косово и Метохија, во согласност со Уставот на Република Србија“, изјави Срдановиќ.

Прашан дали ова подразбира и подготвеност за разговор со Курти, тој рече дека „секое прашање што има многу важен стратешки интерес за нашата држава, за нашата нација, за нашите граѓани, ќе се одлучи подоцна, кога ќе се формира владата“.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

To top