Регион

Милорад Додик можен кандидат за претседател на Србија

Потпретседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), изјави дека се разгледува можноста Милорад Додик, кој по одлуката на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина повеќе не е претседател на Република Српска, да се кандидира за претседател на Србија на следните избори

Потпретседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Борко Стефановиќ, изјави дека се разгледува можноста Милорад Додик, кој по одлуката на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина повеќе не е претседател на Република Српска, да се кандидира за претседател на Србија на следните избори. Во интервју за телевизијата „Нова С“, Стефановиќ посочи дека се водат сериозни преговори за ова, имајќи предвид дека актуелниот претседател Александар Вучиќ не може повторно да се кандидира поради истекот на вториот мандат, според соопштението на ССП, чиј лидер е Драган Ѓилас.

„Вучиќ има намера да се врати на функцијата премиер и го подготвува Милорад Додик за претседател, бидејќи тој има српско државјанство, а сега не може да ја извршува функцијата претседател на Република Српска“, рече Стефановиќ.

Говорејќи за неодамнешните протести во Србија, тој истакна дека појавувањето на Вучиќ пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Белград, каде што за време на протестите беа искршени прозорци, како и неоснованите апсења и насилството врз младите, укажуваат на обид за одржување на „неофицијална вонредна состојба“.

Стефановиќ предупреди дека властите најверојатно ќе ја интензивираат репресијата, обидувајќи се да ги означат учесниците во протестите како „терористи“, користејќи го широко дефинираниот законски термин.

„Ова е само вовед во уште посилна репресија од страна на режимот што заминува, кој речиси целосно ја уништи Србија и е една од најлошите влади во нејзината историја. Без оглед на предизвиците, насилството, апсењата и нападите, мора да останеме смирени. Мирен и мудар протест, како и синоќешната полициска прошетка во Нов Белград, се далеку подобар одговор“, нагласи Стефановиќ.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top