Македонија

Со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 цм3

Секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија

Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина за возачите. Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија.

Сепак, за да го искористат ова право, возачите ќе мора да исполнат неколку клучни критериуми:

– Да имаат наполнети 23 години возраст;

– Да поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија најмалку 5 години;

– Да поминат дополнителна теоретска обука од 4 часа во автошкола.

Оваа мерка се очекува значително да го намали сообраќајниот метеж во градовите и да го поттикне користењето на поекономични превозни средства.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top