Регион

Мишо Ковач испратен со песна, солзи и факели од преполниот „Пољуд“ (ВИДЕО)

Легендарниот хрватски пејач и страстен фан на Хајдук испратен со бура од емоции од Сплит преку родниот Шибеник и Задар до Загреб, кадешто утре ќе биде погребан

Преполниот стадион „Пољуд“ му упати последен поздрав – преку песна – на Мате Мишо Ковач, легендата на хрватската музика и најтиражниот естраден уметник во поранешна Југославија со над 20 милиони продадени плочи, касети и компакт-дискови.

Пријатели, колеги и 34.000 обожаватели се обединија на трибините на сплитската убавица, пеејќи ги неговите безвременски хитови на стадионот што заземаше посебно место во неговото срце.

По ова емотивно испраќање, Мишо тргна на своето последно патување долж далматинскиот брег – од Сплит, преку неговиот роден град Шибеник, па сè до Задар – придружуван од мноштво обожаватели и поддржувачи.

Најемотивниот момент се случи кога возилото со ковчегот направи круг околу фудбалскиот терен, а потоа се упати по крајбрежниот пат – минувајќи низ неговиот роден град Шибеник и градот Задар – на пат кон Загреб. Во Шибеник, жителите се простија од својот „Мишо“ со песни на плоштадот пред катедралата „Свети Јаков“.

Погребот на Мате Мишо Ковач ќе се одржи утре на загрепските гробишта „Мирогој“, во присуство само на неговото семејство, додека комеморација во негова чест ќе се одржи во среда, 11 ноември, во 12:00 часот, во концертната сала „Ватрослав Лисински“.

Видео од испраќањето на „Пољуд“  на едно од најголемите музички имиња во регионот на линкот.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

Најнови вести

To top