Регион

Албанија негира вмешаност во нападот врз руски бродови кај Либија

Албанската територија не била користена за лансирање украински беспилотни летала, соопшти албанското МНР

Албанските власти ги негираа обвинувањата за вмешаност во напади врз руски бродови во близина на брегот на Либија.

Министерството за надворешни работи на членката на НАТО официјално ги негираше извештаите дека нејзината територија е можно да била користена за лансирање украински беспилотни летала.

„Албанија не беше вклучена во овој инцидент и нејзината територија не беше користена или ставена на располагање за лансирање или олеснување на таков напад“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.

Најнови вести од: Регион

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

Уапсените за подготвување атентати во Грција се поврзани со косовската УЧК?! – Еден од нив ја нападнал полициската станица кај Гошинце во 2015!

Членови на мрежата, поврзана со Иран, што ја разбија разузнавачките служби на Македонија и Грција, за која се верува дека подготвувала атентат врз грчки бизнисмен од иранско потекло, во минатото биле поврзани со Ослободителната војска на Косово, тврдат извори на грчкиот весник „Катимерини“.

To top