Регион

Муцунски оствари средба со францускиот министер за Европа, Хадад

Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција, објави шефот на македонската дипломатија

Министерот за надворешни работи на социјалните мрежи сподели дека утрово остварил средба со министерот за Европа на Француската Република, Бенжамин Хадад, на маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора.

Двајцата министри разговарале за билатералната соработка, европската перспектива на Македонија и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

„Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

Разменивме мислења и за актуелните регионални случувања и улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа“,објави Муцунски.

Најнови вести од: Регион

Опасност од хакирање: Влади, болници и училишта ги исклучија веб-страниците – можно ли е ваков проблем да ја погоди и Македонија?!

Владини веб-страници во Европа и во други делови од светот привремено престанаа да работат откако беа откриени сериозни безбедносни пропусти во програмскиот јазик „Пи-ејч-пи“ (PHP), кој се користи за изработка и за одржување на голем број интернет-страници.

To top