Регион

Петар Стојанов не сака пак да биде претседатeл на Бугарија

За време на претседателскиот мандат побара Бугарија да биде наградена дека ги спасила „своиите Евреи“ за време на Втората светска војна

Петар Стојанов нема да се кандидира за претседател, открива Илијан Василев, поранешен бугарски амбасадор во Русија, на својот профил на социјалните мрежи.

Демантот доаѓа по шпекулациите од поранешент европратеник од ГЕРБ.

Василев коментираше дека промоцијата на името на Стојанов е шпекулација. „Веќе одржавме состанок со Петар Стојанов. Тој категорично изјави дека нема намера да учествува на претседателските избори. Затоа, верзијата дека би можел да биде кандидат на ГЕРБ се чини дека е лишена од каква било реална основа“, според неговите зборови.

„Објаснувањето зошто неговото име се појавува во јавниот простор не е тешко.

Петар Стојанов ужива репутација што е неспоредливо подобра од онаа на Борисов, особено во однос на интегритетот и отсуството на сомневања за корупција. Ова се две различни политички биографии и два различни стандарди на јавна доверба“, смета тој.

„Логично е Борисов да се обиде да го искористи авторитетот на Стојанов. Сепак, речиси е сигурно дека такво сценарио не може да се реализира. Бидејќи секоја кандидатура што има каква било врска со Борисов е осудена на пропаст“, ​​додава Илијан Василев.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

To top