Регион

Пленковиќ ќе го предупреди НАТО за кинеските ракети во Србија

Српската армија има нова суперсонична квазибалистичка ракета од кинеско производство, CM-400, со дострел од најмалку 250 километри

 

Ракетата воздух-земја беше забележана на повеќенаменски борбен авион МиГ-29, а премиерот Андреј Пленковиќ денес во Пожега коментираше дали претставува закана за соседните земји.

„Хрватска е членка на НАТО и ги следиме процесите што се случуваат во Србија. Во секој случај, не очекуваме дека поседувањето на толку сериозно оружје во кој било сценарио би можело да доведе до негова употреба против соседните земји, Хрватска или која било друга“, рече премиерот Пленковиќ, објави Индекс,хр.

Тој најави дека Хрватска ќе разговара за ова прашање со своите сојузници. „Ќе разговараме со нашите партнери во Организацијата на Северноатлантскиот договор и ќе ги предупредиме за таквото оружје, кое е ново во арсеналот на српската армија“, нагласи тој.

Премиерот, исто така, коментираше за можноста за одредување цени на минералните ѓубрива и објасни дека разговорите на оваа тема ќе ги води министерот за земјоделство Давид Влајчиќ.

„Овие разговори ќе ги води министерот Влајчиќ.

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово чекаат прилика да не’ нападнат

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top