Регион

Предлог од Сплит – стадионот „Пољуд“ да се преименува во „Мишо Ковач“

Идејата ја даде Ивица Бубало, естрадeн менаџер и пријател на легендарниот пејач, кој беше и страстен навивач на Хајдук

Само еден ден по смртта на легендарниот Мате Мишо Ковач, кој почина во саботата на 86-годишна возраст, од Сплит пристигна предлог за трајна почит на еден од најголемите хрватски пејачи и најпознатите фанови на Хајдук.

Ивица Бубало, сплитскиот естраден менаџер, долгогодишен соработник и пријател на Мишо, смета дека стадионот „Пољуд“ би требало да го носи името на покојната музичка легенда.

„Веќе нема никакви дилеми! Стадионот на Пољуд треба да се вика Стадион ’Мишо Ковач‘“, напиша Бубало на социјалните мрежи.

Бубало соработуваше со Ковач со децении и беше организатор на еден од најемотивните концерти во историјата на „Пољуд“. На 25 септември 1993 година, Мишо на сплитскиот стадион ја одржа легендарната „Ноќ на свеќи“ – концерт посветен на неговиот покоен син Еди и на загинатите хрватски бранители. Тој ги испеа своите најголеми хитови пред публика од над 40.000 луѓе, а тој настап остана длабоко врежан во колективното сеќавање на неговите обожаватели.

Колку Мишо им значеше на сплитските навивачи беше очигледно за време на саботнопт натпревар против Горица. Откако на стадионот беше објавена веста за неговата смрт, неговата фотографија се појави на семафорот, а илјадници присутни почнаа да ги пеат неговите песни.

Дополнително испраќање е закажано за вторник, 3 ноември, кога Хајдук, навивачката група „Торцида“ и Хрватскиот синдикат на музичари ќе организираат последна почит за легендарниот пејач на „Пољуд“, со почеток во 16 часот.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top