Според најновиот извештај на Државната лотарија на Србија, синоќа бил „извлечен“ џекпот (погодени сите 7 броеви) во 92-рото коло на играта „Лото“.
Вредноста на „седумката“ е 3.400.000 евра, а среќниот добитник е од Ниш!
Добитната комбинација ја сочинуваа броевите 21, 5, 8, 11, 3, 26 и 10.
Среќниот добитник, кој преку ноќ стана милионер уплатил три комбинации за Лото и Лото Плус во вкупен износ од 540 динари, при што главната добивка му ја донела втората комбинација.
Покрај главната награда, 19 играчи погодија 6 броеви, при што секој од нив во ова коло освои по 124.188 динари.