Регион

Пленковиќ до Црна Гора како Тито: Туѓо не сакаме, своето не го даваме

Хрватскиот премиер со порака до соседот за демаркацијата на границата во стилот на претседателот на поранешна Југославија

Хрватска не бара туѓа територија, но не се откажува од својата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, одговарајќи му на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, кој рече дека земјата нема да се откаже ниту од дел од својата територија во преговорите за границата со Хрватска.

Ибрахимовиќ порача дека Црна Гора сака да продолжи со преговорите со Хрватска за демаркација на границата и да ги реши отворените прашања со договор или пред меѓународните институции.

„Не можам целосно да разберам за што станува збор“, изјави Пленковиќ за новинарите во Пореч. „Хрватска никогаш не бара туѓа територија, но не се откажува од својата, а ниту нашата влада ниту кој било друг во Хрватска нема да го стори тоа“.

Пленковиќ вели дека хрватскиот предлог за договор за демаркација на земјиштето се базира на принципите на Бадентеровата комисија, според која границите на поранешните републики станале државни граници по распадот на Југославија.

Тој додаде дека привремениот режим воспоставен во 2002 година ја потврдува границата кај ’ртот Конфин, решение потврдено пред повеќе од 20 години од страна на заедничките експертски групи на двете земји.

„Сега е време да се формализира постојниот привремен граничен режим. Што се однесува до нашата позиција, таа е јасна, чиста и нема да се промени“, рече Пленковиќ.

Според него, според истите принципи, Црна Гора веќе ги решила прашањата за демаркација со Косово и со Босна и Херцеговина, па затоа договорот со Хрватска треба да биде едноставен.

„Сè друго би било крајно изненадувачки и може да се прочита од наша страна, ако навистина сакаме да бидеме целосно аналитички, дека можеби некој има претензии кон хрватското копно“, рече Пленковиќ, кој сепак се надева дека тоа не е случај.

Демаркацијата е едно од отворените прашања меѓу двете земји, за кое Хрватска инсистира да се реши додека Црна Гора преговара за пристапување во Европската унија.

Во четвртокот, официјален Загреб го блокира одобрувањето за затворање на Поглавјето 15 за енергија, меѓу другото, поради спорните документи поврзани со демаркацијата на море.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

To top