Регион

Рама: Албанците во Македонија се државотворен народ

Пораката од самитот, како што истакна Рама, е дека дијаспората и Албанците во регионот не претставуваат периферија, туку активен фактор во обликувањето на иднината.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на четвртиот Самит на дијаспората упати порака дека иднината на државата не се гради исклучиво во Тирана, туку и во сите средини каде што живеат Албанци, потенцирајќи ја нивната улога на глобално и регионално ниво.

Во своето обраќање, тој ја истакна важноста на дијаспората за економскиот развој и европската перспектива на земјата, наведувајќи дека градови како Рим, Атина, Лондон, Цирих, Њујорк и Берлин се меѓу центрите каде што, како што рече, се обликува иднината.

Рама посвети внимание и на положбата на Албанците во регионот, при што Косово го опиша како „друга независна држава на Албанците“, додека Албанците во Северна Македонија ги нарече „државотворен народ на соседната и пријателска Република“.

„Иднината на Албанија се пишува секаде каде што Албанците живеат, работат и сонуваат. Но се пишува и надвор од границите – од Косово, преку Северна Македонија, до Црна Гора“, изјави Рама.

Тој додаде дека оваа реалност не треба да се занемари, туку да се прифати како основа за соживот и стабилен развој во регионот.

Во продолжение, премиерот повика на премин „од дистанца кон блискост и од чувства кон стратегија“, нагласувајќи дека преку заеднички пристап Албанците, без оглед на нивната географска распределеност, можат да имаат поголемо влијание врз економските и политичките текови.

Пораката од самитот, како што истакна Рама, е дека дијаспората и Албанците во регионот не претставуваат периферија, туку активен фактор во обликувањето на иднината.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top