Регион

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Шефовите на двете главни институции на ЕУ го осудија присуството на високи српски функционери на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград. Тој беше испратен од илјадници граѓани, вклучувајќи неколкумина министри од српската влада.

„Сликите од погребот на Ратко Младиќ вчера во Белград беа шокантни. Ратко Младиќ беше осуден воен злосторник. Тој беше одговорен за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото“, напишаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на X.

Младиќ почина на 27 август на 84 години во притворската болница во Хаг додека издржуваше доживотна казна затвор. По неговата смрт, неговото тело беше пренесено во Белград со државен авион и пречекано со почесна стража од српската војска и разни безбедносни сили. Србија не го прогласи погребот за државен, но кажа дека ќе помогне во неговата организација.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Европската комисија претходно ја предупреди Србија дека какво било величење на воени злосторници, негирање геноцид и ревизионизам се спротивни на најосновните европски вредности и за нив нема место како во Европската Унија, така и во земјите кои кандидираат за членство. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која ја откажа посетата на Белград закажана за 10 септември, рече дека погребот ќе биде важен тест за кандидатурата на Србија за членство во ЕУ.

„Младиќ почина додека отслужуваше доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница и други злосторства. Елементите на официјална поддршка и присуството на високи српски функционери на погребот се длабоко жални“, се вели во објавата на Фон дер Лајен и Коста.

Во јули, Комисијата се обиде да ја оживее пристапната кандидатура на Србија со тоа што повторно го стави на маса отворањето на Кластерот 3. Осум членки го блокираа потегот, наведувајќи ги загриженоста за владеењето на правото и неуспехот на Белград да се усогласи со санкциите на ЕУ против Русија.

Најнови вести од: Регион

Негираат дека имало притисок врз „бегалката“

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top