Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

Словенечкиот министер за образование, наука и млади Борут Рончевиќ во вторникот најави сеопфатна реформа на училишниот систем, која вклучува укинување на деветгодишното основно образование и постепено воведување на преобликувано осумгодишно основно училиште од учебната 2028/2029 година. Одлуката за обемната реформа следуваше по објавувањето на најновите резултати од меѓународното истражување ПИСА 2025, кои покажаа значителен пад на постигањата на словенечките петнаесетгодишници. Рончевиќ состојбата во образовниот систем ја оцени како „многу лоша, а трендот катастрофален“, наведуваат словенечките медиуми.

Реформата, покрај враќањето на осумгодишниот модел, предвидува воведување повисоки критериуми при оценувањето, зајакнување на работната етика, растеретување на наставните програми со нагласок на разбирање на материјалот, како и давање поголема поддршка за талентираните ученици. Според објавеното истражување ПИСА 2025, просечните постигања на учениците во Словенија се најниски од почетокот на спроведувањето на ова тестирање. Во областа на природнонаучната писменост резултатите се околу просекот на земјите од ОЕЦД, додека во математичката и читачката писменост паднаа под просекот. За споредба, пред три години словенечките ученици заостануваа само во читачката писменост, додека во математика и природни науки беа над просекот на ОЕЦД.

Подеталната анализа покажува дека основното ниво на математичка писменост го оствариле 65 проценти од учениците. Значително поголем пад е забележан во читачката писменост, каде што основното ниво го достигнале 64 проценти од учениците (наспроти просекот на ОЕЦД од 69 проценти), додека највисокото ниво на читање го оствариле само 3 проценти од учениците.

Најдобриот резултат е задржан во природните науки, со 76 проценти од учениците на основно ниво. Како клучни причини за негативниот тренд се наведуваат прекумерната употреба на дигитални уреди, попречувањето на наставата и падот на концентрацијата.

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

Дополнителен проблем претставува и хроничниот недостаток на наставен кадар. Само 17,5 проценти од учениците во Словенија посетуваат училишта во кои директорите не го истакнуваат недостигот од наставници како пречка во работата, што е значително под просекот на ОЕЦД кој изнесува 28,8 проценти.

Од Синдикатот за воспитание, образование, наука и култура на Словенија реагираа на објавените податоци предупредувајќи дека лошите резултати се директна последица на повеќегодишното занемарување и недостатокот на системски вложувања во образовниот кадар.

Најнови вести од: Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Најнови вести

To top