Регион

Во Србија ќе се применува руската вакцина против рак од 2026

Србија би можела да стане првата земја по Русија каде пациентите ќе добијат персонализирана МРНК вакцина против онколошки заболувања, изјави за РТС Ненад Поповиќ, министер без ресор во Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка.

freepik.com

Србија би можела да стане првата земја по Русија каде пациентите ќе добијат персонализирана МРНК вакцина против онколошки заболувања, изјави за РТС Ненад Поповиќ, министер без ресор во Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка.

Вакцината, развиена во Русија, успешно ги поминала сите фази на тестирање врз животни, постигнувајќи, според Поповиќ, 100% успех. Се очекува руското Министерство за здравство наскоро да одобри нејзина употреба кај пациенти.

Минатата недела, Србија ја посети висока руска делегација предводена од академикот Александар Гинцбург, директор на Институтот „Гамалеја“, и Андреј Каприн, главен онколог на Русија и директор на онколошкиот центар „Герцен“. Во делегацијата беа и претставници на руското Министерство за здравство и Рускиот фонд за директни инвестиции, а на крајот од посетата тие беа примени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Разговаравме за сите аспекти на идната соработка, вклучително и можноста Србија да се вклучи во примената на оваа револуционерна вакцина“, рече министерот Поповиќ.

Вакцината е наменета за третман на меланом и одредени видови рак на белите дробови, со планови за развој на варијанти за други форми на рак. Таа претставува персонализирана терапија, создадена индивидуално за секој пациент врз основа на неговиот генетски профил.

„Генетскиот материјал на пациентот се зема и се комбинира со ткивото во кое се развил туморот. Со помош на најновите математички модели и вештачка интелигенција, вакцина наменета за тој конкретен пациент се добива во рок од само седум дена“, објасни Поповиќ.

Според академиците Гинзбург и Каприн, вакцината покажала извонредни резултати дури и кај пациенти во напредни фази на болеста, вклучително и со метастази.

„Претходно, таквите процеси траеја шест месеци, а сега, благодарение на новите технологии, од дијагноза до примање на вакцината поминуваат само неколку недели“, додаде Поповиќ.

Според договор меѓу претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ, Србија ќе биде меѓу првите земји што ќе ја применат оваа терапија.

„Планирано е нашите пациенти да можат да ја примат оваа вакцина следната година, веднаш по руските пациенти“, рече Поповиќ.

Формирана е работна група за подготовка на инфраструктурата и обука на медицинскиот персонал, а до крајот на годината српски експерти од областа на медицината, микробиологијата и Институтот „Торлак“ ќе престојуваат во Москва за да се запознаат со процесот – од земање генетски профил до производство на вакцината.

„Сакаме поголемиот дел од дијагностиката да се прави во Србија, а самата вакцина да пристигне од Русија со ладен транспорт, како што беше случајот за време на пандемијата на Ковид“, рече Поповиќ, додавајќи дека до крајот на 2026 година вакцината би можела да се произведува и во Србија, во Институтот „Торлак“.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top