Регион

Трагедија на Закинтос: 18-месечно бебе убиено од домашниот миленик питбул!

Грција

На грчкиот остров Закинтос се случи голема трагедија кога семеен питбул уби 18-месечно бебе. Детето било во дворот на семејната куќа кога питбулот му се приближил и, од непозната причина, го нападнал, објави порталот „Прототема“.

Според извештаите, детето било во дворот на својата куќа, откако заедно со родителите се вратиле од шопинг. Родителите во паника повикале служби за итни случаи и детето било однесено во болница, но веќе било предоцна.

Таткото на детето е од албанско потекло, а мајката е Британка и двајцата живеат на островот Закинтос со години. И двајцата се во притвор за да се испита дали има елементи на небрежност. Питбулот бил нивни миленик подолго време, и тие не очекувале такво однесување. Од непознати причини кучето се разбеснило и реагирало убиствено.

Локалната заедница на островот е шокирана од инцидентот, а надлежните органи веќе се мобилизираа за да ги истражат околностите на нападот, пишува грчкиот портал.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top