Регион

Уапсен маж осомничен за напад врз мајката на Вучиќ

Истрагата за нападот е во тек

Уапсен е маж осомничен за нападот врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ. По налог на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор, објави РТС.

Според тврдењата на Српската напредна партија (СНС), инцидентот се случил утрово во близина на пазарот Калениќ.

Од партијата наведуваат дека Ангелина Вучиќ била вербално и физички нападната.

Медиумите објавија дека група помлади мажи ја туркале и ѝ викале, а ги искинале и кесите со намирници што ги носела.

Нападната мајката на Вучиќ

Најнови вести од: Регион

To top