Регион

Во Бугарија лути зашто Мицкоски ја нарекува „источен сосед“

Јасно е кој е лавот на Балканот., вели поранешен бугарски амбасадор

Бугарија е огорчена од зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски кога тој зборува за Бугарија како за „источен сосед“, вели  поранешниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, за БТВ.

„Нема потреба од никакви извинувања, туку од враќање на нормален дијалог. Нивото на комуникација не е во нормален тон од Скопје кон Софија и ова се базира на нивна заблуда“, коментираше поранешниот амбасадор во Македонија.

„На Балканот има еден лав, а тоа е само Бугарија. Ова е нашиот знак, па затоа другите грбови на други земји немаат лав. Јасно е кој е лавот на Балканот.

Мицкоски наместо тоа го влече лавот за опашка, но таков стил не е за 21 век. Нема потреба да се влече лавот за опашка“, вели Ангелов, пренесоа медиуми.

Тој смета дека општеството во Македонија е озрачено со негативни информации.

„Имаме сериозно руско влијание во С* Македонија, што дава сила и ја храни политичката елита во РСМ. Ова е нивна внатрешна проценка дека на овој начин ќе направат голема победа на локалните избори во октомври во С* Македонија“, рече и Ангел Ангелов.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

Најнови вести

To top