Регион

Во Косово пристигна првиот мигрант депортиран од САД, објави Курти

Косово се согласи во јуни привремено да прими до 50 мигранти кои се предвидени за депортација од САД според новите, построги правила за имиграција на САД, а со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната матична земја,

Косово во петокот соопшти дека првиот од неколку десетици мигранти од трети земји пристигнал од Соединетите Американски Држави според договорот постигнат претходно оваа година со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува АП

Косово се согласи во јуни привремено да прими до 50 мигранти кои се предвидени за депортација од САД според новите, построги правила за имиграција на САД, а со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната матична земја,

„Едно лице пристигна во Република Косово и му е доделена привремена заштита, во согласност со важечкото законодавство“, соопшти косовското Министерство за внатрешни работи за Асошиејтед Прес на мејл.

Министерството додаде дека „одговорните институции… презедоа сите потребни мерки за да се осигурат дека дотичниот поединец целосно ги ужива правата и обврските“ на кои има право.

Во соопштението не се наведува националноста на мигрантот, ниту датумот на пристигнување. Властите, соопшти министерството, „континуирано го следат“ процесот на интеграција и пристапот до сите достапни услуги за време на престојот во Косово.

Не беше веднаш јасно кога би можеле да пристигнат други мигранти или каде би престојувале во Косово.

„ Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија“ рече техничкиот премиер Албин Курти за телевизиската станица Канал10, пренесе ТВ24.

Потеклото на депортираните лица е непознато.

Курти рече дека досега во Косово пристигнале само едно или две лица депортирани од САД.

Косово се согласи да прими 300 странски затвореници од Данска почнувајќи од 2027 година во замена за 210 милиони евра во текот на следните десет години.

Дополнително, Косово изрази интерес за прием на депортирани лица од Велика Британија.

Косовската влада во јуни ги пофали САД како „цврст сојузник“ и го поздрави децениското партнерство и „заедничките вредности“ на двете земји.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: За три-четири месеци ќе има избори во Србија, можеби и двојни

Александар Вучиќ, претседателот на Србија зборуваше за најавеното заминување од функцијата. Тој истакна задоволство од сработеното, но во исто време рече дека чувствува и страв, и надеж за иднината на државата.

Бугарија во потрага по земјата која им ја блокира бугарската монета од 2 евра

Досега, Бугарија постојано го користеше неутралниот термин „кирилица“ во својата официјална комуникација со ЕУ, во проектите за евромонети и во меѓународните документи, но ненадејното нагласување на покатегоричниoт термин „бугарска азбука“

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори

To top