Спорт

„Ако си крал – крал си!“: Алиоски за евроголот против Кралството Белгија

Езгјан Алиоски од потенцијален трагичар се претвори во херој во големото реми 1:1 на фудбалската репрезентација на Македонија против осмата селекција на листата на ФИФА, Белгија, погодувајќи со спектакуларен волеј четири минути пред крајот откако во 27. минута го погоди дирекот од празниот белгиски гол. „Ако си крал – крал си!“, беше првата реакција на популарниот Џани […]

Езгјан Алиоски од потенцијален трагичар се претвори во херој во големото реми 1:1 на фудбалската репрезентација на Македонија против осмата селекција на листата на ФИФА, Белгија, погодувајќи со спектакуларен волеј четири минути пред крајот откако во 27. минута го погоди дирекот од празниот белгиски гол.

„Ако си крал – крал си!“, беше првата реакција на популарниот Џани по завршувањето на дуелот од квалификациите за Светското првенство 2026, во кој стигна до својот 13. гол во 85. настап во црвено-жолтиот дрес.

„Нормално дека сум среќен, посебно поради тоа што компензирав за пропуштената стопроцентна шанса во првото полувреме. Уште помило ми е што освоивме бод против фудбалска велесила како Белгија, иако можеме да жалиме и за сите три бода“, додаде македонскиот јунак во второто реми едноподруго во овој квалификациски циклус по тоа со Велс, исто така со 1:1 во Скопје.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top