Спорт

Александар Зверев конечно триумфираше на Ролан Гарос

Зверев започна моќно и стигна до 4-0 во гемови, па и покрај малиот отпор на Коболи, успеа да го затвори мечот во своја полза

Германецот Александар Зверев конечно ја освои својата прва Грен слем титула, откако триумфираше во финалето на Ролан Гарос надигрувајќи го Италијанецот Флавио Коболи со 3-2 во сетови (6-1, 4-6, 6-4, 6-7/5 и 6-1).

Зверев започна со доминантен прв сет, но Коболи покажа зошто е финалист и возврати во вториот, но потклекна во третиот сет, иако имаше шанса за нов брејк, со кој можеше да внесе поголема неизвесност.

Во четвртиот сет видовме израмнета игра, па така мораше да решава тај-брејкот. Зверев поведе со 3-1, но Коболи успеа да направи пресврт и поведе со 4-3, прикажувајќи сила во овие многу важни моменти од мечот.

Италијанецот продолжи со одличниот ритам и успеа да го освои сетот со 7-5 во тај-брејкот.

Одлучувачкиот петти сет донесе прилично еднострана игра, Зверев започна моќно и стигна до 4-0 во гемови, па и покрај малиот отпор на Коболи, успеа да го затвори мечот во своја полза и за првпат во кариерата стигна до титула од најпрестижните АТП турнири во календарот.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top