Спорт

Барселона го „изрешета“ Димитриевски, пет гола во мрежата на Валенсија

Голманот на македонската репрезентација запиша пет успешни интервенции, но лидерот славеше со 5:0 на „Месталја“

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, пет пати ја вадеше топката од мрежата на Валенсија во натпреварот со неприкосновениот лидер Барселона, која славеше со 5:0 на „Месталја“ во четвртото коло од шпанската Ла Лига.

Од 14 шанси за гол на гостите две реализира Ламин Јамал и по една Фермин Лопез, Рафиња и Педри, заковувајќи го тимо на македонскиот чувар на мрежата на дното од табелата само со еден бод и со гол-разлика 1:9.

Димитриевски запиша пет одбранети удари, но анемичните соиграчи од дефанзивната линија го принудија во еден меч на капитулација повеќе пати отколку на претходните три заедно.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top