Спорт

Белгија со дебитант на голот во Скопје откако Куртоа отпадна поради повреда

Нордин Жакерс доби можност да дебитира на голот на фудбалската репрезентација на Македонија откако Тибо Куртоа отпадна поради повреда на грбот за претстојниот натпревар со Македонија в петок од 20:45 часот во Скопје од квалификациите за Светското првенство 2026. Жакерс има 27 години, брани за Клуб Бриж и неделава веќе тренираше со националниот тим во […]

Нордин Жакерс доби можност да дебитира на голот на фудбалската репрезентација на Македонија откако Тибо Куртоа отпадна поради повреда на грбот за претстојниот натпревар со Македонија в петок од 20:45 часот во Скопје од квалификациите за Светското првенство 2026.

Жакерс има 27 години, брани за Клуб Бриж и неделава веќе тренираше со националниот тим во Тубиз.

Медицинскиот тим на Реал Мадрид дијагностицира воспаление на долниот дел од грбот на Куртоа и му препорача мирување од една седмица, што значи дека „единицата“ на „кралевите“ ќе ги пропушти претстојните две квалификациски средби со „црвените ѓаволи“. Тој ќе биде подготвен за Светското клупско првенство од 15 јуни.

Покрај со Белгија в петок, избраниците на селекторот Благоја Милевски во овој репрезентативен „прозорец“ в понеделник ќе му гостуваат на Казахстан во Астана.

По две одиграни кола Македонија е прва во групата Ј со 4 бода, колку што има и Велс, трет е Казахстан со 3, а без бодови се Белгија, која ќе стартува токму на Националната арена „Тодор Проески“, како и Лихтенштајн.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top