Ракометните репрезентации на кодомаќинот Данска и на Германија в недела од 18 часот во Хернинг меѓусебе ќе решаваат за шампионот на 17. Европско првенство.
Прво Германците славеа со 31:28 против Хрватска, по што во второто полуфинале Данците со идентичен резултат ја решија „скандинавката“ со Исланд.
Андреас Волф уште еднаш ја спушти „ролетната“ на својот гол и со своите 13 одбрани ги разоружа Хрватите во второто полувреме по израмнетата борба во најголемиот дел од првото, донесувајќи им го првото европско финале на „панцерите“ по 10 години, кога се искачија на престолот.
Откако пропушти да ја освои европската титула пред две години, светскиот и олимписки првак Данска ќе има шанса да се поправи в недела благодарејќи на кршењето на отпорот на Исланѓаните во завршницата од мечот пред исполнетите трибини со 15.000 ракометни фанови во „Јиске банк боксен“, благодарејќи најмногу на непогрешливиот Матијас Гидсел (7/7).
Португалија го оствари својот најдобар пласман на еврошампионатите со победата над Шведска од 36:35 во натпреварот за петтото место.