Спорт

Данска пресилна за Македонија на стартот од ЕП во ракомет

Светскиот и олимписки шампион ги совлада македонските ракометари со 36:24 пред 15.000 гледачи во Хернинг

Светскиот и олимписки шампион Данска се покажа преголем залак за македонските ракометари на стартот од 17. Европско првенство, славејќи со 36:24 во рамките на групата Б во Хернинг.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го отворија мечот пред максимални 15.000 гледачи во арената „Јиске банк боксен“, имаа 3:3, но со три подарени топки во нападот му дозволија на домаќинот да се одлепи на 8:3 и да ја задржи таа предност до паузата, на која замина со водство од 17:12.

Македонските ракометари пробуваа да парираат, во неколку наврати се доближија до -3, последен пат 10:13 во 22. минута, но топ-фаворитот за европското злато не допушти загрозување на удобната позитива.

Второто полувреме во целост им припадна на Данците, кои од минута во минута само го зголемуваа резултатскиот јаз и без преголем напор ги прокнижи ја првите бодови на шампионатот на кој се соорганизатори со Шведска и со Норвешка.

Мартин Серафимов беше прво име во македонскиот нападо со 6 гола од 9 удари, пред Марко Митев и Филип Кузмановски со по 4/10.

В недела од 18 часот „црвено-жолтите“ ќе играат со Португалија, која ЕП го отвори со победа над Романија од 40:34.

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top