Спорт

Димитриевиќ МВП против европскиот шампион Фенербахче!

Со личниот рекорд од 22 поена во Евролигата, македонскиот бек беше најзаслужен за победата на Баерн Минхен од 85:76

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ го забележа својот најдобар настап во Евролигата како најкорисен играч во победата на Баерн Минхен од 85:76 над европскиот првак и лидер Фенербахче.

Само за 21:15 минути во игра македонскиот бек оствари перформанс 25 благодарејќи на своите 22 поени, најмногу од актерите на паркетот во Минхен и рекордни за него во најсилното клупско натпреварување на стариот континент.

Популарниот Нено биеше 5/9 за два поена, 2/4 за тројка и 6/7 од линијата за слободни фрлања, а додаде и три асистенции, како и по еден скок и украдена топка.

Со победата во последниот меч на домашен терен во основниот дел од сезоната, Баерн Минхен се искачи на 14. место со скор 15/20 во победи.

 

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

To top