Спорт

Димитриевиќ блиску до трансфер од Зенит во Баерн Минхен

Германскиот евролигаш испратил понуда за најдобриот македонски кошаркар, а тој сега преговарал за откупната клаузула

Најдобриот македонски кошаркар и репрезентативец Ненад Димитриевиќ од Зенит од Санкт Петербург е во завршни преговори со Баерн Минхен,  објавија руските медиуми.

Како што се наведува, германскиот учесник во Евролигата испратил понуда за 28-годишниот Македонец, а тој сега преговарал за откупната клаузула.

Оваа сезона во ВТБ-лигата тој имаше просек од 11,5 поени, 5,7 асистенции и 2,9 скока во 10 натпревари.

Пред Зенит, кадешто дојде минатото лето од Олимпија Милано, Димитриевиќ играше во Русија за Уникс од Казан, со кого ја освои ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП за 2023 година.

Своевременно тој играше за шпанските Хувентуд и Валенсија, па ако дојде во Минхен, повторно ќе игра во Евролигата.

На Баерн му се потребни засилувања, бидејќи е последен во елитното клупско натпреварување со скор од 5-13 во победи.

 

Најнови вести од: Спорт

To top