Македонија

Пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто

Модерен, енергетски ефикасен објект по европски стандарди, на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и современи услови за развој на уметноста и креативноста

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто, Општина Гази Баба, од кадешто порача дека е исклучително задоволен што по речиси една година е сведок на неговото пуштање во употреба.

„…сакам да кажам дека сум исклучително задоволен што еве после отприлика една година, се сеќавам тогаш директно од пат дојдовме овде кога почнуваше да се реконструира овој културен дом во Ченто.

Еве денеска после една година сме сведоци на неговото пуштање во употреба, реализација за Општина Гази Баба и за културниот живот во Општина Гази Баба ова ќе биде додадена вредност“, рече Мицкоски.

„Јас му честитам на градоначалникот, честитам на пратениците во македонското собрание, на советниците на општината што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на луѓето коишто работат во општината се разбира на административците, на министерот, на Министерството за култура и на сите останати колеги во Владата коишто ја поддржуваат оваа програма којашто од буџетот финансира стотици проекти. Државата денеска е едно големо градилиште, повеќе од 1.000 проекти се изведуваат на различни локации нешто што за нас претставува навистина историско.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top