
Светската фудбалска асоцијација планира од 2029 година Светското клупско првенство да се одржува на секои две години, со проширување на бројот на учесници од 32 на 48 екипи.
Предвидено е повеќе од два клуба од иста земја да можат да учествуваат на турнирот.
За да се избегне преоптоварување на меѓународниот календар, планирано е укинување на пријателските натпревари на националните тимови и јулските турнири на националните селекции.
Во финалето на Светското клупско првенство во 2025 година, Челзи го совлада ПСЖ со 3:0. Турнирот се одржа во Соединетите Американски Држави.