Спорт

Шкендија се прости од Европа со пораз од Самсунспор и во Турција

Фудбалскиот првак на Македонија загуби со 4:0 и со тоа ја заврши својата најуспешна сезона во европските купови

Со вкупни 0:5, вклучувајќи го и вечерашниот пораз од 0:4 во реваншот со Самсунспор во Турција, фудбалерите на Шкендија го завршија своето европско патешествие со елиминација во 1/16-финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Македонскиот првак одржуваше активен резултат без голови до 53. минута, кога Нчам од пенал го „отклучи“ противничкиот гол, фаворитската улога на турскиот претставник потоа ја потврдија и Ндиаје во 71. минута, и двојниот стрелец Мариус во 79. минута и во втората минута од судиското продолжение.

Со ова заврши најуспешниот настап на тетовските „црвено-црни“ во еврокуповите, настапувајќи во сите три, при што во квалификациите за Лигата на шампионите стигна до третото коло, по што се пресели во Лига Европа и по еден двомеч од таму стигна до Конференциската лига, во која ја помина групната фаза и избори елиминации.

Притоа одигра вкупно 16 натпревари, во кои оствари 5 победи, 3 нерешени и 8 порази.

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top