Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов се запиша во листата на стрелците во 16. коло од Првата лига на Бугарија, придонесувајќи со еден гол за победата на Левски од 5:1 кај Монтана.
Централниот дефанзивец на водечкиот тим кај источниот македонски сосед погоди за 4:0 во судиското продолжение на првото полувреме.
Ова за 26-годишниот Серафимов е втор погодок за најтрофејниот бугарски клуб сезонава по првенецот во победата кај Хебар од 3:0 на стартот од Купот на Бугарија.