Спорт

Ѓорческа не успеа во квалификациите за Ју-Ес опен

Првата Македонка што заигра на Вимблдон загуби со 7-6 (1), 6-3 од Јапонката Хонтама на стартот во Њујорк

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е запрена на стартот од квалификациите за последниот гренслем турнир сезонава, Отвореното првенство на САД.

Ѓорческа, неделава 253. на ВТА-листата во сингл, загуби со 7-6 (1), 6-3 од Јапонката Маи Хонтама (167.) по 106 минути игра.

По лошото влегување во мечот што резултираше со водство на противничката од 4-1, 32-годишната тетовка заигра на потребното ниво и израмни на 5-5, а во следниот гем на сервис на Јапонката беше 40-40.

Хонтама, сепак, си го одбрани сервисот, исто како Ѓорческа наредниот, но тај-брејкот убедливо го освои фаворитката според ранкингот.

И вториот сет почна слично како првиот – Јапонката отвори со 2-0, Ѓорческа возврати со три гема во низа за пресврт, но тука застана.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top