Спорт

Ѓорческа: Ова беше остварување на сонот

Добив многу пораки за поддршка што ми значат сè на светот, изјави првата Македонка на Вимблдон по мечот со Анисимова од САД

По мечот со Аманда Анисимова од САД на стартот од Вимблдон, во кој загуби со 6-3, 6-2, Лина Ѓорческа во изјава за официјалната весбтраница на неофицијалното светско првенство во тенис изјави дека тоа за неа претставувало остварување на сонот.

„Дури и да не сакав да слушам пред мечот, тоа беше насекаде. Во моментов не се случуваат многу работи дома, па ова беше навистина голема работа за сите нив. [Добив] многу пораки за поддршка што ми значат сè на светот“, рече првиот тенисер од Македонија со настап во главната конкуренција на гренслем-турнир во сингл.

„Играњето на овој голем терен со многу публика беше навистина неверојатно. Тоа е еден од најдобрите – ако не и најдобриот – турнир, па затоа е навистина животно искуство. Исто така, да се игра против Аманда, финалистка и неверојатен играч, тоа е навистина остварување на сонот“, додаде највозрасниот дебитант на гренслем по 1971 година.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top