Спорт

Ивановски во полуфиналето на Македонија опен

Македонскиот тенисер беше подобар од шестиот носител Вајс од Италија во двата тај-брејка од маратонскиот меч од 2:40 часа

По исцрпувачки маратон од 2:40 часа, Калин Ивановски избори пласман во полуфиналето на тенискиот турнир Македонија опен во Скопје, кој се игра на земјените терени на Југ за награден фонд од 25.000 американски долари.

Македонскиот репрезентативец во Дејвис купот, неделава 1148. на АТП-листата во сингл, во четвртфиналето славеше со 7-6 (5), 7-6 (3) над шестиот носител Александар Вајс (629.) од Италија.

Во првиот сет Ивановски поведе со 2:0, но противникот брзо израмни, па во доигрувањето домашниот натпреварувач направи мини-брејк во десеттиот поен, а по него го доби и сетот.

И вториот сет единствениот преостанат Македонец на турнирот го почна со брејк, но Италијанецот потоа направи пресврт за 4:1, пред Ивановски да израмни и во „13. гем“ да поведе со недостижни 6:1, за на крајот со кренати раце да го напушти теренот.

Последна пречка за него до финалето утре од 10 часот ќе биде седмиот носител Јанаки Милев (770.) од Бугарија.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top