Спорт

Коме(н)дија во Ѓорче Петров: Ондоа од Работнички прими невиден гол (ВИДЕО)

Камерунецот на голот на „романтичарите“ се „прослави“ во поразот од 3:1 во првенствениот дуел со Македонија ЃП

Голманот на Работнички, Камерунецот Жозеф Ондоа, конкурира за првата награда во шоуто „Најсмешни видео инсерти“ со голот примен на натпреварот со Македонија Ѓорче Петров во Првата македонска фудбалска лига, кој „романтичарите“ го загубија со 3:1, иако први поведоа.

Братучедот на чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед зајмен на Трабзонспор, Андре Онана, се „прослави“ со реакцијата во 57. минута, кога буквално ја пропушти повратната топка од Јустен Крантхофе, оставајќи му на Стеван Николиќ само да ја турне во небранетата мрежа.

„Ремек-делото“ на Ондоа на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

To top