Спорт

Лео Меси го урна рекордот и испиша нова фудбалска историја

Аргентинската ѕвезда погоди во 38. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од групата И, кој се игра во Далас, и ѝ донесе водство од 1:0 на својата репрезентација

Лионел Меси испиша нова страница во историјата на светскиот фудбал, откако стана најдобар стрелец на Светските првенства на сите времиња.

Аргентинската ѕвезда погоди во 38. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од групата И, кој се игра во Далас, и ѝ донесе водство од 1:0 на својата репрезентација.

Со овој погодок, Меси стигна до вкупно 17 гола на мундијалите и се искачи сам на врвот на вечната листа на стрелци, оставајќи го зад себе Мирослав Клосе, со кого досега го делеше второто место со по 16 погодоци.

Ова е четврти гол на Меси на актуелното Светско првенство, потврдувајќи ја неговата извонредна форма и лидерска улога во составот на актуелниот светски шампион.

Интересно е што Аргентинецот во 8. минута имаше можност да постигне погодок од пенал, но не успеа да ја погоди рамката на голот на Австрија.

И покрај промашениот удар од белата точка, Меси успеа да го запише своето име во историјата како фудбалер со најмногу постигнати голови на Светските првенства, поставувајќи нов рекорд со 17 погодоци.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top