Спорт

Македонските фудбалери ја „почестија“ Швајцарија во Луцерн

Со три сопствени грешки, Македонија, практично, сама се победи со 3:0 во реваншот со Швајцарците од Лигата на нациите

Три подарок-голови, сите три по катастрофални грешки, ја чинеа фудбалската репрезентација на Македонија нов убедлив пораз (и) од Швајцарија со 3:0 во Луцерн во второто коло од Б-дивизијата во Лигата на нациите, и тоа во натпревар во кој „црвено-жолтите“ не изгледаа лошо на теренот, посебно во првото полувреме.

Но, што вреди тоа кога во 43. минута Висср Муслиу им подари погодок на Швајцарците, кога наместо да ја прифати топката и да ја избие пред Столе Димитриевски, буквално му ја остави на Фабијан Ридер, кому не му беше тешко од непосредна близина да го совлада македонскиот гол.

Димитриевски му „кумуваше“ на вториот гол на домаќинот во 74. минута, кога невешто реагираше на упатената топка директно кон него, а Матеј Гаштаров во 81. минута под притисок му овозможи да поентира и на Дан Ндоје.

Црната серија на Македонија никако да заврши – сега е седум натпревара под водство на Гоце Седлоски без постигнат гол и 11 меча без победа од последната над Лихтенштајн од 5:0 во Скопје во септември минатата година во Ц-сегментот од ЛН.

Оттогаш македонскиот национален тим има четири нерешени и седум порази, со поразителна гол-разлика 2:26!

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top