Спорт

Македонските фудбалски надежи во елитните квалификации за ЕП

Репрезентацијата на Македонија до 17 години го торпедира Гибралтар со 9:0 и заврши втора на турнирот во Турново

Фудбалската репрезентација на Македонија се пласира во елитните квалификации за Европското првенство 2026 во Естонија со победата над Гибралтар од 9:0, која ѝ го донесе второто место на турнирот во Турново.

„Црвено-жолтите“ освоија 4 бода, колку и Унгарија, но имаа подобра гол-разлика од ривалот со кој ремизираа 2:2, а загубија од лидерот Чешка со 2:0.

Хет-трик за македонските надежи постигна Папалиски, Џанаровски погоди двапати – од игра и од пенал, а по еднаш во листата на стрелците за запишаа Љачка, Михајловски, Цветковски и Мамути.

Услуга на избраниците на селекторот Владимир Колев им направија Чесите со победата од 7:1 над Унгарците во последното коло.

Најнови вести од: Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

To top