Спорт

Македонските ракометари убедливи и против Украина во Винтертур

По загубениот прв дел со 17:13, одбраните на Галевски во вториот ги одведоа „црвено-жолтите“ до триумф од 31:26 на „Жолтиот куп“

Со две различни изданија во двете полувремиња, најдобрите македонски ракометари на крајот славеа уверлива победа и над Украина од 31:26 на „Жолтиот куп“ во Винтертур пред директниот дуел за победник на турнирот против домаќинот Швајцарија утре од 18 часот.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа бледо прво полувреме, во кое слабата одбрана и промашувањата од чисти позиции ги чинеа заминување на одморот со негатива од 17:13.

Со застанувањето на голот на Иван Галевски од почетокот на вториот дел работите на теренот драстично се сменија, па со серија од пет гола по 14:18 „црвено-жолтите“ во 39. минута направија резултатски пресврт, по кој разликата само се зголемуваше и две минути до крајот достигна максимални 30:24.

Како и во стартната победа од 32:28 над Бахреин, капитенот Филип Кузмановски повторно беше прв стрелец на македонскиот тим со 7 гола, три повеќе од средниот бек Игор Ѓорѓиев, а по три пати во листата на стрелците се запишаа Мартин Велковски, Мартин Серафимов и Иван Џонов.

Ова е трета победа за Македонија во четирите досегашни меѓусебни дуели со Украинците, покрај едното реми.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top