Спорт

Македонските ракометни кадети деветти во Европа!

„Црвено-жолтите“ го декласираа Израел со 39:29 за петта победа во низа на ЕП до 18 години во Србија

Декласирајќи го Израел со 39:29, машката ракометна репрезентација на Македонија до 18 години го освои деветтото место во конкуренција на 24 селекции на Европското првенство во Србија, значително подобрувајќи го пласманот од претходното ЕП 2024 во Црна Гора, кога заврши на 19. позиција.

Израелците водеа на полувреме со 20:19, но во второто избраниците на селекторот Горан Кузманоски уфрлија во шеста брзина, заиграа многу поцврсто во одбраната и го демолираа противникот на патот до својата петта победа во низа по трите порази во прелиминарната групна фаза.

Стефан Ѓорѓиески беше непогрешлив во осумте обиди кон противничкиот гол, Горазд Дамчевски имаше ефект 8/11, Христијан Вујичевски 6/6, а голманот Ѓорѓи Николовски запиша 16 одбрани, со 37 проценти успешни интервенции.

Деветтото место во Белград на „црвено-жолтите“ им носи директен пласман на Светското првенство 2027 и на следното ЕП 2028.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top