Спорт

Милевски: Данска на хартија полесна од Италија и Португалија во минатиот бараж

Штета што Македонија ќе гостува и во разигрувањето за СП 2026, жали селекторот на македонската фудбалска репрезентација

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, со првична оценка за денешната ждрепка во Цирих, која им ја додели Данска за противник на „црвено-жолтите“ во полуфиналето од баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ-фаворитите Италија и Португалија, сега на хартија добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме каква било прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме сè од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“, изјави Милевски.

Македонија ќе гостува во Данска на 26 март 2026 година, а ќе биде гостин и ако се пласира во финалето од баражот пет дена подоцна.

Најнови вести од: Спорт

To top