Спорт

Младинска ракометна репрезентација на Македонија подготвена за настап на Европското првенство!

Ракометни предизвици

Македонската младинска машка ракометна репрезентација со победа ги комплетираше контролните натпревари пред претстојното Европско првенство, откако денеска во Скопје ја совладаа Италија со 30:22.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски со сигурна и квалитетна игра дојдоа до четвртиот триумф во подготвителниот период, во кој претходно ја победија Грција со 29:28 и два пати Саудиска Арабија (22:21, 35-26).

Европското првенство ќе стартува на 8 јули, а домаќин ќе биде Романија.

Македонската репрезентација своите натпревари во рамки на групата Д ќе ги игра во градот Турда против Хрватска Данска и Норвешка.

Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза.

08.07.2026 | 13:30 часот  Норвешка – Македонија
09.07.2026 | 13:30 часот Хрватска – Македонија
11.07.2026 | 13:30 часот Македонија – Данска
 На нашите младинци им посакуваме многу среќа и успешни настапи на Европското првенство!

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top