Спорт

Несторовски како некогаш – два гола и во Купот на Хрватска по трите во лигата

Ексрепрезентативецот на Македонија двоен стрелец во победата на Славен Белупо од 5:0 над Хрватски драговољац во Сигет

„Втора младост“ на 36-годишниот Илија Несторовски, кој денеска беше двоен стрелец за Славен Белупо во победата во Сигет од 5:0 над второлигашот Хрватски драговољац во Купот на Хрватска три дена откако по признанието за играч на натпреварот во триумфот од 2:1 над Локомотива Загреб во Хрватската фудбалска лига (ХНЛ).

Поранешниот репрезентативец на Македонија со 52 настапи и 10 гола меѓу 2015 и 2023 година ја погоди мрежата на домаќинот во Сигет во 36. минута и шест минути подоцна, кога зголеми на недостижни 3:0 на патот до осминафиналето во хрватскиот Куп.

Прилепчанецот запиша погодок за тимот од Копривница и во неделата против Локомотива, негов трет во првите шест кола од ХНЛ, по кои го дели шестото место на листата на стрелците, на која пред десет години беше најдобар и ја доби „златната копачка“ како тогашен играч на Интер Запрешиќ.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top