Спорт

Пелистерци со бод од Данска во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Видомски шест секунди до крајот му донесе реми 28:28 на македонскиот првак на гостувањето кај ГОГ Гудме

Еурофарм Пелистер со бод се враќа од Данска, кадешто одигра нерешено 28:28 со ГОГ Гудме во првиот натпревар од 12. коло во ракометната Лига на шампионите.

Стрелец на голот за петти бод сезонава во елитното клупско натпреварување беше Анџеј Видомски, кој погоди од 10 метри шест секунди до крајот, и тоа со играч помалку по црвениот картон за најновото засилување Никола Граховац 46 секунди до последниот звук на сирената!

Токму Полјакот беше најефикасен кај македонскиот првак со 7 гола од 8 удари, пред Граховац со 6/8 и капитенот Филип Кузмановски со 6/11, а голманот Никола Митревски правеше чуда на голот, завршувајќи го мечот со 11 успешни интервенции.

Битолчани со ова реми математички остануваат во игра за место во елиминациите, иако тешко достижно со оглед на дуелите со Пари Сен Жермен дома и со Барселона на нејзин терен во последните две кола.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top