Спорт

Ракометарите во Винтертур фаќаат залет за ЕП, од утре на „Жолтиот куп“

Избраниците на селекторот Лазаров утревечер ќе го имаат првиот тест за еврошампионатот против Бахреин

Машката ракометна репрезентација на Македонија на Божик пристигна во швајцарскиот град Винтертур, кадешто од утре до 10 јануари ќе учествуваат на „Жолтиот куп“, кој ќе им биде увертира за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров утревечер од 20:30 часот ќе играат против Бахреин, в петок од 17:45 ч. со Украина и в сабота од 18:30 ч. со домаќинот Швајцарија.

Од Винтертур „црвено-жолтите“ директно ќе заминат за Данска, кадешто на 13 јануари ќе го имаат последниот тест против данскиот тим Митјиланд.

Македонија ќе стартува на ЕП на 16 јануари против соорганизаторот Данска, два дена подоцна ќе игра со Португалија и на 20 јануари против Романија, сите три меча закажани во Хернинг.

Двете првопласирани селекции ќе продолжат во групата од главната фаза.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top