Македонија го запиша првиот триумф на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи ја селекцијата на Косово со 27:21.
Со дисциплинирана игра во одбраната и ефикасност во нападот, нашата селекција успеа да ја задржи предноста до самиот крај.
Капитенот Леона Миленкоска со 7 погодоци беше лидер во нашиот тим, а втор стрелец беше Мила Ристовска со 5 погодоци.