Спорт

Сензација на СП: Шпанија не ги победи Зеленортски Острови!

Мундијалскиот дебитант му одолеа на поранешниот светски првак и втор на листата на ФИФА, ремизирајќи без голови во Атланта

Дебитантот Зеленортски Острови го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од Светското првенство во фудбал, ремизирајќи без голови против поранешниот планетарен шампион, четирикратен европски првак и втор на листата на ФИФА, Шпанија!

Селекцијата рангирана на 67. место, чии најголеми успеси се двете четвртфиналиња на Купот на африканските нации, ги издржа докрај налетите на „фуријата“, која ја имаше топката во своите нозе речиси три четвртини од натпреварот во Атланта (74:26 проценти), неспоредливо повеќе удари (27:6, во рамките на голот 7:1), но не го најде патот до противничката мрежа.

Националниот тим на државата со помалку од половина милион жители, лоцирана во Атлантскиот Океан спроти северозападниот брег на Африка, во последната минута дури можеше и да го нокаутира големиот фаворит, кога Рајан Мендеш од непосредна близина не погоди со глава и не ја казни погодената пречка од Феран Торес во првото полувреме.

Херој на мечот беше зеленортскиот голман Вожиња, кој одбрани седум удари и доби највисока оценка на мечот – 8,8!

Колкаво изненадување е резултатот покажува коефициентот во обложувалниците од 1,07 за победа на Шпанија и 26 за Зеленортски Острови пред првата средба од групата Х, во која се уште Уругвај и Саудиска Арабија.

Најинтересните моменти на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top