Спорт

ШХ Алкалоид во последното коло на Европскиот клупски куп влегува со шанси за медал

Победа во дуелот со израелскиот тим Рашон Ле Цион за македонскиот тим ќе значи медал

Шахистите на Алкалоид во последното седмо коло од Европскиот клупски куп што се игра на Родос, Грција влегуваат со шанса за освојување медал. Победа во дуелот со израелскиот тим Рашон Ле Цион за македонскиот тим ќе значи медал, но каков ќе се знае од исходот на другите мечеви.

Во шестото коло кое заврши синоќа во дуелот на непоразените Алкалоид загуби со 2,5:3,5 од романскиот тим Супер Чес. Единствената победа за Супер Чес ја постигна светскиот првак Гукеш (со бели фигури) на првата табла совладувајќи го Арјун Еригаиси, другите пет дуели завршија реми. За Алкалоид настапија: Веи Ју (втора табла – бели); Јангји Ју (трета – црни); Читамбарам Аравинд (четврта – бели); Александар Инџиќ (петта – црни) и Абхиманју Пураник (шеста – бели).

– Белите фигури треба да донесат некаква предност во ваквите мечеви, а тоа му успеа на Гукеш во Гринфелдова одбрана. Светскиот првак успеа во системот на отворање да го наведе Еригаиси во непознати води и ја презеде иницијативата. На крајот, заслужена победа за Супер Чес, а ние се мобилизираме за следниот меч, кој ќе биде последен на турнирот – изјави велемајсторот Влатко Богдановски.

Супер Чес е единствената екипа со максимален резултат од 12 бода и во последната рунда играат со унгарскиот тим Нагиканижаи, кој во моментов е втор со 11 поени. Победникот од овој дуел ќе биде крунисан како нов шампион на Европа.

Најнови вести од: Спорт

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top