Спорт

Срамни сцени од фановите на Шкендија: Свирежи на химната и навредлива кореографија за Вардар и ФФМ

Јасно е дека комисиите на ФФМ ќе имаат полни раце работа по финалето од Купот, а Шкендија ќе добие казна за однесувањето на своите поддржувачи

Срамни сцени приредија навивачите на Шкендија пред почетокот на финалето од Купот на Македонија.

Додека се интонираше државната химна на Македонија, навивачите на тетовскиот клуб останаа седнати и ја исвиркаа химната, недозволив потег кој предизвика негативни реакции во јавноста.

Несфатливо е на натпревар од вакво значење, кој се игра под организација на државното натпреварување, да нема почит кон симболите на државата.

Покрај тоа, фановите на Шкендија продолжија и со провокативна и навредлива кореографија кон ФФМ и нивниот најголем ривал Вардар, кој им ја одзеде титулата оваа сезона. Јасно е дека комисиите на ФФМ ќе имаат полни раце работа по финалето од Купот, а Шкендија ќе добие казна за однесувањето на своите поддржувачи.

Поврзани теми:

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top